ВЕСТИ ОД НАС

Радикална хистеректомија според Вертхајм

Г-ѓа Имрен Мехмет од Добрич, Р. Бугарија, по препорака на нејзините роднини, го контактираше нашиот Оддел за услуги за странски  пациенти. Таа сподели со нас дека првично побарала лекарска помош во најблиската здравствена установа во врска со нејзиниот здравствен проблем, како што се болки во пределот на препоните и други. По физички преглед и детални тестови како биопсија, на пациентката и е дијагностициран „Карцином на матка (ендометријален карцином)“, по што г-ѓа Имрен Мехмет реши да побара второ мислење за дијагнозата. По препорака на блиските решила да се обрати во приватната болница „Чорлу Ватан“.

По разговорите и направените неопходни подготовки за нејзината посета, пациентката пристигна во нашата болница. Физичкиот преглед на г-ѓа Имрен Мехмет го изврши Асс.Доц.Д-р Ерсон АКСУ, специјалист за  гинеколошка ендоскопска хирургија. По темелен физички преглед, беше одлучено дека е неопходна магнетна резонанца со контрастно средство. По анализа на податоците од физичкиот преглед и дополнителните тестови, дијагнозата на нашиот пациент беше потврдена, а мислењето на нашиот специјалист беше дека во овој случај е неопходно да се изврши хируршката интервенција „радикална хистеректомија според Вертхајм“ со лапароскопска метода. Откако беше детално информирана за нејзината моментална состојба и потребниот третман во овој случај, г-ѓа Имрен Мехмет реши да му верува на  д-р. АКСУ за нејзиното лекување. Нашата пациентка беше хоспитализирана  истиот ден, по што започна предоперативната подготовка.

Хируршката интервенција беше успешно извршена следниот ден, по што нашата пациентка беше под опсервација во нашата болница 3 дена. По завршувањето на нејзиното следење, направени се потребните организации за идна контрола и таа е отпуштена од болницата во добра општа состојба, без болки.

Десет дена по интервенцијата, г-ѓа Имрен Мехмет не посети на дополнителен преглед и со нас ја сподели својата искрена благодарност до  д-р Ерсон АКСУ и целиот тим на болницата за укажаната нега.

Целиот тим на болницата ,,Чорлу Ватан’’, на г-ѓа Имрен Мехмет и на нејзиното семејство им посакува  добро здравје и среќни заеднички моменти.