ВЕСТИ ОД НАС

Со помош на баријатриска хирургија пациентот ослабна 41 килограм!

Г-дин Атанас Иванов Божинов од Варна, Р. Бугарија го контактираше нашиот меѓународен сервис за пациенти откако наиде на нашите објави на социјалните мрежи. За време на разговорите, тој сподели со нас дека има проблеми со прекумерната тежина, има покачени вредности на шеќер во крвта и има потешкотии во извршувањето на секојдневните активности.

По разговорите со г- н Божинов, според споделената од него информација се изврши претходна консултација со Д-р Ферудун БАКМАЗ, специјалист по општа и баријатриска хирургија и пациентот беше поканет во нашата болница на детални прегледи.

По пристигнувањето во нашата болница и по низа детални прегледи од страна на специјалисти од различни гранк,  врз основа на моменталната состојба на пациентот, препорачана е интервенцијата „Ендоскопска гастректомија“.

При извршениот ултразвук, кој е дел од рутинската предоперативна подготовка, констатирано е дека жолчното кесе кај господинот Божинов било воспалено поради присуство на камења кои механички го блокирале жолчниот канал. Врз основа на податоците добиени од предоперативната подготовка и желбата на пациентот, донесена е одлука да се изврши лапароскопска хируршка интервенција чија цел е да се решат двата проблема на пациентот при една операција.

Откако господинот Божинов доби одобрение од нашите специјалисти по анестезиологија и реанимација, пристапивме кон изведување на оперативната интервенција. Интервенцијата е изведена лапароскопски, при што прво се извади жолчното кесе, а потоа се премина на интервенцијата „Ендоскопска гастректомија“.

По успешната интервенција, пациентот е однесен во неговата болничка соба и останува под лекарска опсервација 5 дена. За време на престојот во нашата болница, на пациентот му беа доставени детални информации и препораки од нашиот специјалист по исхрана и диететика  Чидем Карал. По завршувањето на неговото следење, нашиот пациент беше отпуштен од болница во добра општа состојба.

Пет месеци по операцијата господинот Атанас Иванов Божинов со нас ја сподели својата сегашна тежина. Тој изјави дека за 5 месеци ослабел 41 килограм, и дека повеќе нема потреба да користи лекови за висок крвен притисок и дијабетес тип 2. Тешкотиите кои ги доживувал во секојдневните активности се минато.

На господинот Божинов му посакуваме нов живот полн со здравје и среќни моменти.