ВЕСТИ ОД НАС

Третман на тумор на мозок

Семејството Стојкови од градот Варна се обратија до меѓународното одделение на приватната болница „Чорлу Ватан“. Госпоѓица Красимира Стојкова, ќерката на господинот Стојков, со нас ја сподели неодамнешната состојба на нејзиниот татко.

Г-дин Иван Стојков, 54 години, добил ненадејна криза придружена со симптоми како што се силна главоболка, конфузија, губење на меморијата и нарушена рамнотежа. Пациентот е итно хоспитализиран и врз основа на примарниот преглед и тестови е препратен на специјалист по неврохирургија.

Еден ден подоцна, пациентот пристигна во нашата болница. Случајот на господинот Стојков го презеде д-р Огуз Јозел, специјалист по неврохирургија со долгогодишно искуство во областа на лекување на тумори на мозокот.

По детален физички преглед и радиолошки испитувања, како што е нуклеарна магнетна резонанца (нМР) со контраст, беше утврдено формирање на тумор во мозокот. На пациентот му беше препорачана итна хируршка интервенција за отстранување на туморот. Пациентот и неговото семејство беа детално информирани за состојбата, а со нивна согласност е спроведен процес на хоспитализација и предоперативна подготовка. Операцијата беше успешно извршена следниот ден.

Со цел да се следи неговата состојба, господинот Стојков беше под опсервација околу еден час на одделението за интензивна нега, по што беше однесен во неговата соба. Истиот ден, само неколку часа по операцијата, пациентот беше вертикализиран  и се движеше во присуство на д-р Огуз Јозел. По пет дена  хоспитализација без проблеми, господинот Стојков беше отпуштен од нашата болница во добра општа состојба.

По излегувањето, нашиот пациент ја сподели со нас својата благодарност до д-р Огуз Јозел, одделот за меѓународни пациенти и целиот персонал на болницата. Исто така,  ние од срце му благодариме за довербата.

На г. Стојков му посакуваме долг живот исполнет со многу здравје и среќа.