ВЕСТИ ОД НАС

Успешно лекување на долготрајна зголемена болка!

Нашиот пациент г-дин Јумер Бејти Ахмед од Тервел, Бугарија го контактираше нашиот оддел за услуги на странски  пациенти со барање за лекување на неговите тегоби кои се од областа на Неврохирургијата. Тој сподели со нас дека по претходна операција за лекување на лумбална дискус хернија, која ја претрпел пред 5 години, почнал да се жали на постепено зголемена болка во долниот дел на грбот и двете нозе.

Нашиот пациент беше поканет во болница на физички преглед и детални радиолошки студии.

По пристигнувањето на г-дин Јумер Бејти Ахмед во нашата болница, неговиот случај го презеде д-р Абдулах ТЕМИЗКАН, специјалист по хирургија на мозокот и неврохирургија.

По детален физички преглед и радиолошки прегледи (нМР и компјутерска томографија на лумбалниот предел) беше утврдена итна потреба од хируршка интервенција за стабилизирање на лумбалниот предел на ‘рбетот. Нашиот пациент беше детално информиран за хируршката интервенција и очекуваните резултати од истата, а со согласност на г-дин Јумер Бејти Ахмед, преминавме на процесот на хоспитализација и предоперативна подготовка. Како резултат на дополнителните тестови, констатирано е дека нема медицинска пречка за операцијата.

По успешната хируршка интервенција, нашиот пациент беше вратен во болничката соба на постоперативна опсервација, а неколку дена подоцна беше отпуштен од нашата болница без болки и во добра општа состојба.

По неговото отпуштање, г-дин Јумер Бејти Ахмед изрази срдечна благодарност до д-р ТЕМИЗКАН и целиот тим на нашата болница. Тој сподели „Не можам да ја изразам мојата благодарност со зборови за помошта и емпатијата на целиот персонал кој беше тука за мене за време на моето лекување, секој од нив го прифати  мојот случај како свој и ми даде неверојатна поддршка. Веќе верував дека постојано ќе ги имам овие болки и никогаш нема да ми поминат, вие ми бевте мојата последна надеж. Ви благодарам од се срце за се, ми ја вративте среќата во животот“.

Ние исто му благодариме и што ни веруваше и не избра за неговото лекување. Му посакуваме долг живот исполнет со здравје и среќни моменти.