Нашиот пациент од Република Бугарија нè посети со симптоми како што се силна и мачна болка во пределот на левиот бубрег и колк, која се симнува надолу, пропратена со грчеви. Случајот го презеде доц. д-р Мехмет Мурат РИФАИОГЛУ , специјалист по урологија. По детален физикален преглед и радиолошки испитувања, пронајден е камен во бубрег, сместен во горниот дел на уретерот. На нашиот пациент му беше препорачана „уретерореноскопија“.
Уретерореноскопијата е ендоскопска метода при која со помош на оптички инструмент (уретероскоп) преку природните отвори на телото, се врши преглед на уретерот и шуплинскиот систем (чашка и легенче) на бубрегот.
За време на операцијата, каменот што го блокираше левиот бубрег на пациентот беше раздробен со помош на холмиум ласер и целосно отстранет со методот RIRS (Ретроградна интраренална хирургија). По еднодневно следење на неговата постоперативна состојба, пациентот е отпуштен без болки и во добра општа состојба.
На нашиот пациент му посакуваме добро здравје и долг живот исполнет со среќни моменти.