ВЕСТИ ОД НАС

Факоемулзификација

Нашиот пациент г-дин Стоил Георгиев од Република Бугарија го контактираше одделот за меѓународни пациенти во нашата болница. Тој ги сподели со нас своите проблеми  поврзани со намален вид.

Пациентот е поканет во нашата болница на преглед и тестови. Случајот на г-дин Георгиев го презеде д-р Чидем Акда Кочер, специјалист по офталмологија.

По деталните прегледи, констатирано е дека нашиот пацинет има катаракта на левото око и блокирање на крвните садови кои ја снабдуваат мрежницата на двете очи.

При една операција беше извршено отстранување на катаракта (Факоемулзификација) на левото око и беше аплицирана интравитреална инјекција во десното око.

Третманот продолжува со ласерски третман на области со васкуларна оклузија.

Како резултат на третманот веќе имаме воспоставено значително подобрување на видот на пациентот. Со помош на аргон ласерската терапија се стремиме да ги зачуваме постигнатите резултати трајно.

Г-дин Георгиев изрази благодарност до д-р Чидем Акда Кочер и нашите колеги од одделот за услуги за странски пациенти, кои беа покрај него во секоја фаза од неговото лекување.

Сите од екипата на болницата, му посакуваме на г-н Стоил Георгиев, долг живот исполнет со здравје и среќа.