За да добиете повеќе информации ве молиме оставете ваши податоци,
нашите македонски преставници ќе ве контактираат
ЦЕНТАР ЗА ТРЕТМАН НА ДЕБЕЛИНА И БАРИЈАТРИСКА ХИРУРГИЈА
Центарот за третман на дебелина и баријатриска хирургија на приватната болница „Чорлу Ватан“ е основан со цел да даде решение за еден од најважните здравствени проблеми на денешното општество – прекумерната тежина. Во нашиот центар, тим од три искусни доктори, специјалисти со долгогодишно искуство во областа на баријатриската хирургија, со индивидуален пристап, ќе се погрижат да си заминете среќни и задоволни.
Од неговото основање до денес, многу пациенти успешно се лекуваат во овој центар, а бројот продолжува да расте со секој изминат ден. Токму поради оваа причина, нашиот центар достигна високо ниво на искуство во областа на баријатриската и метаболичка хирургија. Овде се нудат хируршки и нехируршки методи за лекување на дебелината, според здравствената состојба, потребите и очекувањата на секој пациент.
ШТО Е ДЕБЕЛИНАТА?
Денес, дебелината претставува еден од најважните здравствени проблеми во развиените и земјите во развој. Општо земено, дебелината е акумулација на прекумерна количина на масно ткиво во телото. Ова таложење на масно ткиво може да биде поткожно, во абдоминалната празнина и околу внатрешните органи. Според класификацијата на индексот на телесна маса (ИТМ), индекс над 25 значи прекумерна тежина, а индекс над 30 значи дебелина. Дебелината може негативно да влијае на квалитетот на животот на индивидуата, социјалниот живот и психичката состојба на личноста, како и да предизвика сериозни болести. Кај пациентите со прекумерна тежина, драстично се зголемува ризикот од кардиоваскуларни заболувања, дијабетес тип 2, замастен црн дроб, болести на зглобовите, а исто така и зголемен ризик од развој на онколошки заболувања. Во таа насока, познато е дека дебелината не е само проблем поврзан со естетскиот изглед на личноста, туку е состојба која има сериозни последици врз Здравјето на поединецот и е еден од главните фактори кои го скратуваат животот. При донесување одлука за хируршка интервенција, кај пациенти со прекумерна телесна тежина и со метаболички нарушувања, се постапува според индексот на телесна маса (ИТМ). За да се донесе одлука за видот на интервенција кај лица без коморбидитети, индексот на телесна маса треба да биде над 40. А за оние лица , кои имаат коморбидитети како дијабетес тип 2, индексот на телесната маса мора да биде над 25. По донесување на одлуката за видот на интервенцијата, лицата претходно детално се информираат за целата постапка, за очекуваните резултати и придобивки од неа, како и постоперативниот период и начинот на исхрана на кој ќе треба да се придржуваат во период кој следува.
НЕХИРУРШКИ ПРОЦЕДУРИ
Примената на ботулински токсин (ботокс) на дното на желудникот, е метод за слабеење базиран на инјектирање на ботулински токсин во одредени делови на желудникот, со помош на ендоскопска метода. Ботоксот помага да се забави варењето во желудникот, со што се обезбедува одложување на варењето на храната и на тој начин периодот на ситост станува подолг. Постапката трае околу 15-20 минути. Ботоксот во желудникот се аплицира ендоскопски без болка и гадење, со лесна седација. Главната предност на интервенцијата е тоа што не е хируршка процедура и пациентот веднаш се враќа на нормалното секојдневие. Бидејќи нема хируршки рез и нема конци, не е потребно постоперативно закрепнување. До денес, апликацијата на ботулински токсин нема познати опасни и несакани ефекти. Со оваа процедура, се очекува губиток од околу 10-15% од вкупната телесна тежина, во рок од 3-6 месеци.
Количината на изгубена телесна тежина варира од личност до личност, во зависност од возраста, стапката на базалниот метаболизам и физичката активност.
Интрагастричниот балон е силиконски медицински производ, кој има за цел да им помогне на лицата со прекумерна телесна тежина да ослабат без операција. Апликацијата на балонот во желудникот се врши ендоскопски, преку усната шуплина. Целта на поставувањето на желудечниот балон е делумно да се наполни желудникот, што помага да се создаде постојано чувство на ситост, дури и кога се консумира минимална количина на храна. Тоа е реверзибилна, минимално инвазивна и едноставна техника. Слабеењето со интрагастричен балон варира во зависност од моменталната тежина на пациентот, стапката на базалниот метаболизам, полот, возраста, метаболичките и хормоналните нарушувања, усогласеноста на исхраната со физичката активност. Во просек, очекуваното губење на тежината е околу 20-30% од моменталната тежина. Придржувањето кон хигиенско-диететски режим и зголемена физичка активност, дополнително ќе помогнат да се постигнат подобри резултати.
ХИРУРШКИ ПРОЦЕДУРИ
Лапароскопската гастректомија (Gastric sleeve) е најчесто користена хируршка метода во борбата со вишокот на килограми. Таа е безбеден и високо ефективен хируршки метод за слабеење, кој им овозможува на лицата со прекумерна телесна тежина, трајно и здраво да го решат својот проблем. Интервенцијата се изведува лапароскопски, односно преку минимални хируршки резови, направени во горниот дел на абдоменот, се отстранува околу 80% од желудникот, а остатокот добива облик на цевка, како банана.
Просечното очекувано губење на тежината во рок од една година по интервенцијата е од 40% до 70%. Една од главните предности на оваа метода е тоа што не се прават промени на тенкото црево, храната го следи нормалниот дигестивен тракт и затоа е малку веројатно да има недостаток на витамини и минерали во постоперативниот период.
Гастричниот бајпас е комбинирана метода, која претставува лапароскопска хирургија во две фази. Интервенцијата „Гастричен бајпас“ е техника за намалување на големината на желудникот, на два дела, со минимизирање на горниот дел од желудникот до „нов, мал желудник“ со капацитет од околу 30мл. Тој е изолиран од остатокот (долниот дел) од желудникот со помош на хируршки степлер. Овој нов, мал желудник, се поврзува директно со дисталниот дел од тенкото црево (јејунум) со што се заобиколува дуоденумот. Остатокот (долниот дел) од желудникот не се одстранува, како што е кај процедурата лапароскопска гастректомија, но нема пристап на храна во него. Гастричните сокови и ензими продолжуваат да се произведуваат од остатокот од желудникот за да го помогнат варењето и апсорпцијата на хранливите материи. На овој начин, консумираната храна го заобиколува најголемиот дел од желудникот и првиот дел од тенкото црево(дуоденум). Така, пациентот добива чувство на ситост, дури и кога консумира мала количина на храна, а во исто време, оваа помала количина на храна ја апсорбира тенкото црево.
Пациентите со гастричен бајпас обично губат две третини од нивната тежина во рок од 2 години. Како резултат на ова слабеење се постигнуваат позитивни резултати и во лекувањето на пациентите со дијабетес тип 2, постигнувајќи трајно решение на многу други болести предизвикани од вишокот килограми.
Метаболичката хирургија може да обезбеди контрола без лекови на неконтролиран дијабетес тип 2. Пациентите кои доаѓаат во нашата клиника со слични симптоми, добиваат мултидисциплинарен пристап. Првично се врши детален физички преглед и тестови од страна на нашите специјалисти по интерна медицина, за да се донесе одлука за хируршки третман на дијабетес тип 2.
Во случаите со високи нивоа на гликоза во крвта, кои не можат да се контролираат со диета и лекови, најсоодветната хируршка интервенција се избира помеѓу гастричен бајпас, транзитна бипартиција и интерпозиција на илеумот. По операцијата нашите пациенти се под директен надзор на тим од специјалисти: нутриционист, специјалист по интерна медицина и специјалист по општа хирургија.
НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА
Главните причини, кои доведуваат до прекумерна телесна тежина се неправилните навики во исхраната, седентарен начин на живот и некои ендокрини заболувања, како што се хипотироидизам, синдром на Кушинг итн. Дебелината може да има негативно влијание врз квалитетот на животот на индивидуата, социјалниот живот и психичката состојба на личноста, како и да предизвика сериозни болести. Кај пациентите со прекумерна телесна тежина, драстично се зголемува ризикот од кардиоваскуларни заболувања, дијабетес тип 2, замастен црн дроб (хепатална стеатоза), заболувања на коските и зглобовите, а исто така и зголемен ризик од развој на онколошки заболувања. Во таа насока, познато е дека дебелината не е само проблем поврзан со естетскиот изглед, туку е состојба, која има сериозни последици по здравјето на човекот, а е еден од главните фактори за скратување на животниот век.
Нехируршките методи за лекување на дебелината може да се класифицираат како строга диета, поставување гастричен балон и гастричен ботокс.
Најчесто изведувани хируршки интервенции од областа на баријатриската и метаболичката хирургија се: Лапароскопска гастректомија „Gastric sleeve“, „Гастричен бајпас“ и „Транзитна бипартиција“. Соодветниот хируршки пристап се одредува индивидуално по евалуација на многу фактори како што се физичката состојба на пациентот, коморбидните (придружни) болести, начинот на живот итн.
Не може секој пациент со прекумерна тежина да се квалификува за операција. Овде одлучувачки фактор е индексот на телесна маса (ИТМ) и присуството на дополнителни болести како што е дијабетес тип 2.
Пред да се донесе конечна одлука за хируршка интервенција, пациентите се подложени на физички прегледи од специјалисти од различни гранки и детални лабораториски испитувања. Предоперативната подготовка вклучува консултации со специјалист по кардиологија, специјалист по интерна медицина, специјалист за градите, специјалист по психијатрија, специјалист за исхрана и диететика, заедно со детални тестови на крвта.
Доколку по овие прегледи и испитувања се процени дека пациентот ги исполнува потребните услови за хируршка интервенција, се врши и консултација со специјалист по анестезиологија и реанимација, а доколку нема утврдена здравствена состојба пред хируршка интервенција, интервенцијата се извршува. Доколку при прегледите и испитувањата се утврди присуство на пречки од медицински аспект, пред да се изврши хируршката интервенција, прво се применува потребниот третман за отстранување на овие предуслови, а потоа, кога состојбата на пациентот ќе се стабилизира, се размислува за хируршка интервенција.
Времетраењето на хируршката интервенција варира во зависност од видот на планираната интервенција. На пример, интервенцијата „Лапароскопска гастректомија“ трае во просек околу 1-2 часа, „Гастричен бајпас“ трае 2-3 часа, а „Транзитна бипартиција“ трае во просек околу 3 часа. Стандардното очекувано време за хоспитализација и постоперативно следење во болнички услови е околу 4-5 дена. Иако пациентот се враќа во секојдневниот живот неколку дена по интервенцијата, за да се врати на својата работна позиција ќе биде потребно да има поминато најмалку 10-15 дена по операцијата.
Хируршките интервенции од областа на баријатриската хирургија се изведуваат под општа анестезија. Сите операции се вршат со исклучително внимание и прецизност од страна на нашите искусни специјалисти во областа на баријатриската хирургија.
Секоја фаза од операцијата бара максимално внимание. Одредувањето на правилниот хируршки пристап за пациентот е исто толку важно како и самата операција. Материјалите и уредите што ги користиме при хируршки интервенции се со највисок квалитет и ги задоволуваат светските стандарди за квалитет.
Главните грижи при оперативните интервенции се појавата на белодробни проблеми, тромбоемболија, хеморагии и формирање на ингвинални хернии. Кај пациентите кај кои е направена интервенцијата „Лапароскопска гастректомија“ главна грижа на пациентите е протекување од степлерот (местото на шиењето). Водечката светска статистика во медицинската литература покажува дека тоа е забележано во 2-4% од пациентите.
Примарно значење во постоперативниот процес е внесувањето на доволно количество течности, почитувањето на правилен начин на исхрана, како и следењето од специјалист за исхрана и диететика. Но, најважната точка во овој процес е одлучувањето за трајна промена на животниот стил во однос на навиките во исхраната и секојдневните активности. Вооченото зголемување на телесната тежина во следните години по операцијата главно се должи на нерационалната исхрана.
Многу често имаме пациенти од странство, особено од земји како Бугарија, Романија, Италија, Германија и Македонија, кои доаѓаат во нашиот центар за третман на дебелина и баријатриска хирургија. Во нашата болница имаме оддел за меѓународни пациенти, кој се состои од искусен тим на колеги-преведувачи кои успешно комуницираат со нашите странски пациенти и им ја обезбедуваат потребната поддршка во секоја фаза. Можам со сигурност да кажам дека нашите странски пациенти можат да бидат сигурни дека нема да имаат проблеми како јазична бариера во нашата болница и дека ќе се чувствуваат како домa.
ЛЕКАРСКА ЕКИПА
Д-Р МУСТАФА ЈОНДЕР ДОЛАП
Д-р Мустафа Јондер ДОЛАП е специјалист по општа хирургија и заменик главен лекар на приватната болница „Чорлу Ватан“. Медицинскиот факултет го завршил на Универзитетот во Истанбул во 1996 година, а специјализацијата ја завршил во Учебно-истражувачката болница ,,Хасеки’’. Обука за „Минимално инвазивна хирургија“ завршил во Стразбур во 2013 година, а во периодот од 2015-2017 година. завршил обука по „Хирургија за дебелина и метаболички болести“ на медицинскиот факултет „Џеррахпаша“.
Д-Р ФЕРУДУН БИКМАЗ
Д-р Ферудун БАКМАЗ е специјалист по општа хирургија, кој дипломирал на медицинскиот факултет на Универзитетот во Истанбул во 1987 година. Специјализацијата ја завршил во државната болница Бејоглу во 1993 година. До 2015 година работел во различни болници во структурата на Министерството за здравство. Од 2015 г до сега работи во приватната болница „Чорлу Ватан“.
Д-Р ОКАЈ ПИРТИ
Д-р Окај ПАРТА е специјалист по општа хирургија, кој студирал на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Анкара во периодот од 2000 – 2006 година. Во 2012 година ја завршил својата специјализација како општ хирург во Учебно-истражувачката болница во Анкара. До 2018 година има работено во три различни болници, а од 2018 г до сега работи во приватната болница „Чорлу Ватан“.
ИСТОРИИ НА НАШИ ПАЦИЕНТИ
Лапароскопската Гастректомија
Г-ѓа Теодора Куртева од градот Варна, Република Бугарија контактираше со Меѓународниот оддел за пациенти во приватната болница Чорлу Ватан. Таа ги сподели со нас нејзините долгогодишни проблеми поврзани со прекумерната тежина и многуте придружни болести.
По детални објаснувања, г-ѓа Куртева беше поканета во нашата болница за да се дијагностицира нејзината моментална состојба и да се утврди правилниот метод на лекување во конкретниот случај.
Случајот на нашиот пациент го презеде д-р Мустафа Јондер ДОЛАП – специјалист по општа хирургија со долгогодишна пракса во областа на баријатриската и метаболичката хирургија. Како резултат на анализа на спроведените детални прегледи со специјалисти од повеќе гранки и детални испитувања, препораката на д-р Мустафа Јондер ДОЛАП беше да се изврши операција од областа на баријатриската хирургија, таканаречена интервенција „Лапароскопска гастректомија“.
По пет дена хоспитализација и следење, г-ѓа Куртева е отпуштена од болницата насмеана и во добра општа здравствена состојба. Пред заминувањето, г-ѓа Теодора Куртева изрази искрена благодарност до д-р Мустафа Јондер ДОЛАП и тимот на приватната болница Чорлу Ватан.
Целиот тим на нашата болница, на г-ѓа Куртева и посакува долг живот исполнет со здравје и среќа.
Со помош на баријатриска хирургија нашиот пациент ослабе 41 килограм!
Г-дин Атанас Иванов Божинов од Варна/Бугарија го контактираше нашиот меѓународен сервис за пациенти откако наиде на нашите објави на социјалните мрежи. За време на разговорите, тој сподели со нас дека има проблеми со прекумерната тежина, има дополнителни коморбидитети како покачени вредности на шеќер во крвта и има потешкотии во извршувањето на секојдневните активности.
По разговорите со господинот Божинов, врз основа на информациите што ги сподели, беше направена прелиминарна консултација со Д-р Ферудун БАКМАЗ – специјалист по општа и баријатриска хирургија и пациентот беше поканет во нашата болница на детални прегледи.
По пристигнувањето во нашата болница и по низа физички прегледи од страна на специјалисти од различни гранки и детални прегледи, врз основа на моменталната состојба на пациентот, препорачана е интервенцијата „Лапароскопска гастректомија“.
При извршениот ултразвук, кој е дел од рутинската предоперативна подготовка, констатирано е дека жолчното кесе кај господинот Божинов било воспалено поради присуство на жолчни камења, кои механички го блокирале жолчниот канал. Врз основа на податоците добиени од предоперативната подготовка и желбата на пациентот, донесена е одлука да се изврши лапароскопска хируршка интервенција чија цел е да се решат двата проблема на пациентот при една операција.
Откако господинот Божинов доби одобрение од нашите специјалисти по анестезиологија и реанимација, пристапивме кон изведување на оперативната интервенција. Интервенцијата е изведена лапароскопски, при што прво се извади жолчното кесе, а потоа се премина на интервенцијата „Лапароскопска гастректомија“.
По успешната интервенција, пациентот е однесен во неговата болничка соба и е под лекарска опсервација 5 дена. За време на престојот во нашата болница на пациентот му беа доставени детални информации и препораки од нашиот специјалист за исхрана и диететика – Чигдем Карал. По завршувањето на неговото следење, нашиот пациент беше отпуштен од болница во добра општа состојба.
Пет месеци по операцијата господинот Атанас Иванов Божинов со нас ја сподели својата моментална тежина. Тој изјави дека за 5 месеци ослабел 41 килограм, и дека повеќе нема потреба да користи лекови за висок крвен притисок и дијабетес тип 2. Тешкотиите кои ги доживувал во секојдневните активности се минато.
На господинот Божинов му посакуваме нов живот полн со здравје и среќни моменти.
Транзитна бипартиција хирургија симнати – 53 килограми за 5 месеци!
Г-дин Дијан Донев од градот Стара Загора/Бугарија не контактираше преку социјалните мрежи и ги сподели своите проблеми поврзани со прекумерната тежина. Тој изрази желба да го намали вишокот килограми, кои со текот на годините постепено му го влошиле здравјето и квалитетот на животот.
По информативните разговори, господинот Донев беше поканет во нашата болница на детални прегледи и тестови за да се утврди најсоодветниот метод на лекување.
Откако нашиот пациент пристигна на закажаниот ден на посета во нашата болница, неговиот случај го презеде д-р Мустафа Јондер ДОЛАП – специјалист по општа и баријатриска хирургија. По првичниот физички преглед и консултација со специјалистот, извршени се низа физички прегледи и тестови за да се утврди точната моментална состојба на пациентот.Во текот на истиот ден, нашиот пациент беше подложен на детален сеопфатен преглед, составен од физички прегледи од специјалисти од различни гранки како што се: Интерна медицина, Кардиологија, Психијатрија, Исхрана и Диететика. Направени се и голем број крвни и радиолошки тестови, фиброгастроскопија, ултразвук на абдоминални органи и сл. На база на резултатите од извршените испитувања се утврди дека не постои медицинска пречка пред извршувањето на одредениот хируршки зафат.
Како резултат на анализата на деталните испитувања и студии, препораката на д-р Мустафа Јондер ДОЛАП беше да се изврши интервенцијата „Транзитна бипартиција“.
Операцијата беше успешно изведена следниот ден, а нашиот пациент потоа беше примен во нашиот хируршки оддел за постоперативно следење.
По една недела хоспитализација и следење, нашиот пациент беше отпуштен од болница насмеан и во добра општа здравствена состојба.
Четири месеци по првиот последователен преглед, нашиот пациент пристигна во болница на рутински преглед. По извршените мерења, констатирано е дека нашиот пациент изгубил вкупно 53 килограми за 5 месеци. Откриено е и дека соодносот на телесните масти му се намалил од 47% на 34%, а обемот на половината од 190 см на 130 см.
Исклучително сме среќни што ги гледаме позитивните резултати и промените кај нашиот пациент, кој изјави дека е многу задоволен од својот нов начин на живот.
Г-дин Донев изрази благодарност до д-р Мустафа Јондер ДОЛАП и нашите колеги од одделот за услуги за странски пациенти, кои беа покрај него во секоја фаза од неговото лекување.
Му благодариме што ни веруваше и не избра за неговото лекување.
Целиот тим на нашата болница му посакува на г-дин Дијан Донев долг живот исполнет со здравје и среќа.
Нашиот пациент г-дин Стојан Турнов пристигна од Кралството Шведска за трајно да ги реши неговите проблеми поврзани со вишокот килограми.
Нашиот пациент г-дин Стојан Турнов пристигна од Кралството Шведска за трајно да ги реши неговите проблеми поврзани со вишокот килограми.
Г-дин Стојан Турнов, кој долги години живее во Кралството Шведска, по препорака на пријател стапи во контакт со нашиот оддел „Меѓународни пациенти“ и изјави дека сака да најде трајно решение за неговите проблеми поврзани со вишокот килограми. По деталната подготовка за неговата посета, нашиот пациент беше пречекан од нашите колеги од аеродромот „ИСТАНБУЛ“ и беше пренесен во нашата болница во Чорлу.
Случајот на г-дин Турнов го презеде д-р Мустафа Јондер ДОЛАП – специјалист по општа и баријатриска хирургија и заменик главен лекар на нашата болница. За време на консултацијата со д-р Мустафа Јондер ДОЛАП, на пациентот му беа дадени детални информации за најсоодветниот метод на лекување во неговиот случај – интервенцијата „Лапароскопска гастректомија“, која беше одредена врз основа на индексот на телесна маса и индивидуалните карактеристики на г-дин Турнов.
Во текот на истиот ден, нашиот пациент беше подложен на детален сеопфатен преглед, составен од физички прегледи од специјалисти од различни гранки како што се:
Интерна медицина, Кардиологија, Психијатрија, Исхрана и Диететика. Беа направени и голем број на крвни и радиолошки тестови, фиброгастроскопија, ултразвук на абдоминални органи и сл. Врз основа на резултатите од направените тестови, беше утврдено дека нема медицинска пречка за хируршката интервенција. Операцијата беше успешно извршена следниот ден и пациентот беше вратен во нашето хируршко одделение за постоперативно следење. За време на хоспитализацијата, на г-дин Турнов му беа доставени детални информации за правилната исхрана за него и детални препораки беа дадени од нашиот специјалист за исхрана и диететика – Чидем Курал.
По еднонеделна хоспитализација и следење, нашиот пациент беше отпуштен од болница насмеан и во добра општа состојба.
Пред неговото заминување, г-дин Стојан Турнов ја пренесе својата искрена благодарност до д-р Мустафа Јондер ДОЛАП и целиот негов тим, персоналот на одделот „Меѓународни пациенти“ и сите медицински сестри и персонал од приватната болница „Чорлу Ватан“. Ви благодариме што ни верувавте и што не избравте за вашиот третман.
Целиот тим на приватната болница „Чорлу Ватан“, на нашиот пациент му посакува брзо закрепнување и нов живот полн со здравје и среќни моменти.
Никогаш не е доцна да се збогувате со вишокот килограми!
Како резултат на различни физиолошки и психолошки фактори, дебелината денес стана една од најтешките болести на нашиот век. Со наша помош, можно е да се спасите од вашите проблеми поврзани со дебелината…
Нашиот пациент г-дин Мартин Атанасов Аргиров не посети на нашиот организиран консултативен состанок, кој се одржа во градот Бургас. За време на консултациите тој го изрази своето незадоволство од вишокот килограми, кои веќе му го влошиле квалитетот на животот, како и желбата да живее здрав живот и да биде во форма.
Во ден погоден за него, беше одреден датум и време за физички преглед и последователни тестови во нашата болница.
На денот на пристигнувањето, нашиот пациент беше прегледан од д-р Ферудун БАКМАЗ – специјалист по општа и баријатриска хирургија, по што се направени потребните испитувања.
Врз основа на резултатите од тестовите, специјалистот ја препорача интервенцијата „Лапароскопска гастректомија“. По физичкиот преглед започна предоперативната подготовка, која опфаќа преглед од специјалисти од различни гранки и различни студии. По завршувањето на подготовката е примен во болница. По успешната операција пациентот е во исклучително здрава состојба и задоволен од интервенцијата. Беше направено постоперативно следење. Нашиот пациент, кој пред операцијата имаше 142 килограми, само 5 дена по операцијата ослабе 4 килограми.
Задоволни сме што ги гледаме нашите пациенти среќни и здрави по успешните операции.
Целиот тим му посакува брзо закрепнување на г-дин Аргиров. Искрено ви благодариме што ни укажавте доверба и ги избравте нашите специјалисти и приватната болница „Чорлу Ватан“ за вашето лекување.
Храбар чекор кон нов живот!
Г-ѓа Сафиже Идризи (62) од Македонија се обрати до нашиот центар за третман на дебелина и баријатриска хирургија.
Таа со нас сподели дека долги години сака да се збогува со вишокот килограми кои и онака сериозно и го загрозуваат здравјето и го отежнуваат извршувањето на нејзините секојдневни активности. При консултацијата со Д-р М. Јондер ДОЛАП – специјалист по општа хирургија, заменик главен лекар во приватната болница Чорлу Ватан, на пациентката и беа дадени детални објаснувања за соодветниот третман за неа, суштината на баријатриската хирургија и очекуваните придобивки од истата. Врз основа на нејзината физичка состојба и резултатите од пресметките на индексот на телесна маса, на г-ѓа Сафиже Идризи и беше препорачана интервенцијата „Лапароскопска гастректомија“.
По консултацијата со Д-р М. Јондер ДОЛАП и со согласност на нашиот пациент, преминавме во фаза на хоспитализација и предоперативна подготовка. Првично беа направени детални прегледи и тестови за проценка на моменталната состојба на пациентот, кои опфатија преглед кај специјалист по кардиологија, специјалист по интерна медицина, специјалист за гради, специјалист по психијатрија, специјалист за исхрана и диететика и тестови на крвта. По фиброгастроскопијата беше потврдено дека нема медицинска пречка за хируршката интервенција. Ден подоцна интервенцијата успешно ја изврши Д-р М. Јондер ДОЛАП. По двочасовна лапароскопска операција, на пациентката и беа отстранети 3/4 од желудникот и таа беше вратена во нејзината соба да се одмори. Четири дневното постоперативно следење на г-ѓа Сафиже Идризи исто така беше под директен надзор на нашиот специјалист по исхрана и диететика Чигдем Карал. На денот на излегувањето на пациентката од болница, било констатирано дека за време на престојот изгубила вкупно 8 килограми.
Откако беше направена потребната организација за нејзините последователни прегледи и дадени детални објаснувања за правилниот режим на исхрана во постоперативниот период, г-ѓа Сафиже Идризи беше отпуштена од нашата болница насмеана и во добра општа состојба.
За време на целото лекување и престој во болница, г-ѓа Сафиже Идризи беше секогаш насмеана и весело расположена. Сакаме да напоменеме дека секогаш ќе ја паметиме со нејзината весела и блескава личност. Ви посакуваме добро здравје и среќни моменти во вашиот нов живот.
Можете да изгубите тежина трајно и здраво со помош на нашиот центар за третман на дебелина!
Г-дин Илбер Саити од Македонија го контактираше нашиот меѓународен оддел за пациенти и ги сподели со нас неговите проблеми со прекумерна тежина и енормна дебелина. Случајот на пациентот е префрлен во центарот за третман на дебелина во приватната болница Чорлу Ватан. Откако беа направени потребните аранжмани за неговата посета, нашиот пациент пристигна во болницата за детални прегледи.
Физичкиот преглед на нашиот 26-годишен пациент, кој долги години се бори со вишокот килограми, го спроведе д-р Мустафа Јондер ДОЛАП – специјалист по општа хирургија со долгогодишно искуство во областа на метаболичката и баријатриската хирургија. При прегледот било констатирано дека моменталната тежина на господинот Саити е 202 килограми, а индексот на телесна маса е 62.
Врз основа на физичкиот преглед и направените дополнителни испитувања на пациентот, беше препорачана лапароскопска хируршка интервенција – Лапароскопска гастректомија (Sleeve Gastrectomy). На господин Саити му беа дадени детални информации за претстојната операција.
Откако нашиот пациент реши да се оперира и направи храбар чекор напред кон нов живот, започна предоперативната подготовка. По низа физички прегледи и прегледи на одделенијата за кардиологија, интерна медицина, торакални заболувања, диетологија и анестезиологија, утврдено е дека нема пречки од медицински аспект за да се изврши хируршката интервенција и се пристапи кон планирање.
По успешната операција и неколкудневната хоспитализација, г-дин Илбер Саити е отпуштен во добра општа состојба, без болки и проблеми. За време на хоспитализацијата, нашиот пациент беше следен и од д-р Чигдем Карал – специјалист за диетика и беа дадени детални препораки и насоки за правилна исхрана во постоперативниот период.
Целиот тим на приватната болница „Чорлу Ватан“, му посакува среќен нов живот на г-дин Илбер Саити исполнет со добро здравје и среќни моменти со неговите најблиски.