За да добиете повеќе информации ве молиме оставете ваши податоци,
нашите македонски преставници ќе ве контактираат

1 Step 1
keyboard_arrow_leftPrevious
Nextkeyboard_arrow_right
FormCraft - WordPress form builder

НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

Трансплантацијата на коса е процедура која се изведува на пациенти кои имаат проблем со опаѓање на косата и појава на ќелавост, во која фоликулите на косата се пренесуваат од делот на главата, каде што косата е густа, во областа каде што опаѓа. Првично, фоликулите на косата мора да се соберат од донаторската област. Во процедурата  „Пресадување на коса“, пациентот е и донатор и примател на фоликулите на косата, а графтовите се земаат токму од оној дел од главата каде што има погуста коса, за да нема видливи лузни и промени како што е проретчување на косата во донаторската регија, по што се врши самата трансплантација.

За да добиете детални информации за нашите активности поврзани со процедурата „Трансплантација на коса“, доволно е да не контактирате!

Времетраењето на постапката е различно за секоја индивидуа. Кај пациенти со помалку графтови, постапката се изведува за пократко време. На пример, кај пациент, на кој ќе се трансплантираат околу 3.500 графтови, доколку не се појави дополнителна компликација, просечното времетраење на процедурата е 6 часа.

За време на процедурата за трансплантација на коса, почетниот чекор вклучува екстракција на фоликули на влакна од богато васкуларизираното ткиво и нивно чување под специфични надворешни услови. Овие фоликули се чуваат во специјализирана течност на контролирана, ладна температура. Надвор од телото, графтовите можат да одржат виталност приближно 6 до 8 часа. Откако ќе се отстранат од течноста, брзото пресадување е императив за да се осигура дека тие остануваат влажни, бидејќи продолжената изложеност може да доведе до опаѓање на виталноста. Издржливоста (виталноста) на графтовите се намалува на секој час за 10-20%.

Во моментов, најефективната техника за трансплантација на коса е методот Micro-Fue, прифатен како златен стандард од ISHRS. Иако протоколите и хируршките материјали се развиваат секој ден, техниката што се користи е иста. Техниките како што се „Saphire Fue“ и „Percutant Fue“ се појавија како резултат на подобрувањата во хируршките материјали што се користат во техниката Fue.

Донаторската регија е просторот од кој ќе се собираат графтовите и ќе се имплантираат со техниката „Micro-Fue“. Во принцип, донаторскиот дел е косата во пределот на задниот дел на главата. Најуспешни и најприродни резултати се постигнуваат со графтови земени од задниот дел на главата на пациентот, над вратот.  Доколку нема доволен број графтови на задниот дел од главата, се пристапува  кон влакнестиот дел од градите и брадата.

ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ?

resim1-500x500-11-mk03062024

Машки тип на губење на косата

Машката ќелавост обично започнува во пределот над слепоочниците или со проретчена коса на темето, а во некои случаи напредува од постепено проретчување до целосно губење на косата. Косата на задниот дел од главата и во пределот на ушите опаѓа многу ретко. Двете скали за класификација на андрогена алопеција кај мажите според Хамилтон и Норвуд, ги опишуваат главно трите причини за опаѓањето на косата. Тие се генетска предиспозиција, присуство на андроген машки хормон и возраста на пациентот.
Проблемот се манифестира со фактот дека фоликулите на косата се намалуваат, ослабуваат и на крајот престануваат да продуцираат нови влакна. Кај андрогената алопеција, се јавува одложување или скратување на фазата на раст на косата поради дејството на машките полови хормони , андрогени. Кога андрогените хормони ќе стигнат до целниот орган, во овој случај, фоликулот на косата, ензимот 5α-редуктаза ги претвора андрогените хормони во моќниот DHT (дихидротестостерон) хормон, што доведува до споменатите ефекти и предизвикува губење на косата. Растот на нова коса на место на паднатата коса се одложува, а косата што повторно расте е тенка и слаба.

Женски тип губење на косата

Алопецијата кај жените се јавува како дифузно проретчување на косата на предниот дел на главата и темето, модел на Лудвиг, и ретко на тилот и страните. Ќелавите области се прошируваат, а скалпот е јасно видлив во предниот дел и на средината на главата. Тоа е бавен и постепен процес и ретко ја опфаќа целата област. Андрогеното опаѓање на косата кај жените обично започнува со хормонални промени по пубертетот, бременоста или по менопаузата и е прилично чест процес кај жените постари од 80 години. Иако нема забележливо опаѓање на косата кај овој тип на ќелавост, постојат и случаи на продолжено прекумерно опаѓање (телоген ефлувиум) што и претходи на оваа состојба. Андрогеното опаѓање на косата има три главни предизвикувачки фактори, а тоа се возраста, генетиката и присуството на машки хормон. Проретчувањето на косата по менопаузата е поврзано со намалување на естрогенот.

kadinlarda-erkek-tipi-sac-dokulmesi-500x450-11-mk03062024
resim3-500x500-11-mk03062024

Трансплантација на коса со „FUE“:

Техниката за трансплантација на коса „FUE“ е најпреферирана метода денес. Со техниката „FUE“, фоликулите на влакната се земаат од задниот дел на главата, над вратот на пациентот со хируршки микро скалпели со дебелина од 0,6-0,7 mm наречени панчери, а потоа се пренесуваат во областите за пресадување. По постапката, трансплантираните фоликули на косата почнуваат веднаш да растат. Микро раничките на задниот дел од главата обично зараснуваат во рок од 48 часа. На 3-тиот ден по процедурата, можете да се вратите на работа, а на 10-тиот ден на вашиот вообичаен начин на живот. Техниката е наречена „Micro FUE“ поради микродимензиите на хируршките инструменти што се користат за време на процедурата.

Како се врши трансплантација на коса – FUE?

Нашите специјалисти ве прегледуваат и даваат свое мислење дали сте соодветни за овој вид третман, земајќи ја предвид вашата медицинска историја и вашата моментална состојба.

2. Откако ќе се утврди состојбата, на пациентот детално му се даваат упатства кои мора да се следат пред да се изврши определената процедура.
3. На денот на процедурата, по приемот во болница, се прават тестови на крвта и се врши подготовка.
4. Во принцип, бричењето на косата се прави во болница; доколку треба да се изврши трансплантација на коса без бричење, на пациентот му се даваат потребните информации и исто така се спроведуваат потребните подготвителни процедури во болницата.
5. Процедурата започнува со примена на локална анестезија во донаторската област, од која ќе се отстранат графтовите, а потоа започнува процедурата за собирање на фоликули од косата.

6. По отстранувањето на фоликулите од косата, тие се бројат и се складираат во посебни раствори.
7. Во областа каде што ќе се трансплантираат фоликулите, се аплицира локална анестезија.
8. Врз основа на бројот и дебелината на графтовите, како и насоката на нивното пресадување, се отвораат микроканали во делот каде што ќе се пресадува косата.
9. Здравите фоликули на косата земени од задниот дел на главата се пресадуваат еден по еден во отворените микроканали.
10. По процедурата, на пациентот му се дава антибиотик, како и аналгетик за ублажување на болката.
11. Следниот ден по процедурата, завојот се отстранува во болница и по потреба се поставува нов, дополнителен завој.
12. 3-тиот ден по процедурата се врши првото миење на косата во болница. За време на оваа посета, пациентот детално ќе биде информиран за понатамошниот тек на опоравување.
13. Миењето на косата продолжува по еднаш, секој ден, до 10-тиот ден, на ист начин како првото миење во болница, 3-тиот ден по процедурата.
14. Кога ќе дојдете на контролен преглед 10-тиот ден по процедурата, корите што се формираат околу трансплантираната нова коса треба целосно да се паднати, а доколку не се целосно паднати, лекарот ги отстранува во болница.
resim2-500x500-11-mk03062024
1593030988-500x500-1-mk03062024

Предности:

„Micro-Fue“ е минимално инвазивна хируршка процедура која ви овозможува да ја вратите сопствената природна коса.

  • Постапката се изведува под локална анестезија, нема болка и во просек трае околу 6-8 часа.
  • Благодарение на хируршките микро скалпели од 0,6-0,7 mm, нема да има видливи лузни, а ќе имате густа коса.
  • Ризикот од компликации по операцијата е помал од 1%.
  • Благодарение минимално инвазивната процедура,  нема појава на оток и болка.
  • Закрепнувањето по процедурата е многу побрзо во споредба со другите методи.
  • Конечните резултати може да се видат по 3-4 месеци.