За да добиете повеќе информации ве молиме оставете ваши податоци,
нашите македонски преставници ќе ве контактираат

1 Step 1
keyboard_arrow_leftPrevious
Nextkeyboard_arrow_right
FormCraft - WordPress form builder

Приватната болница Чорлу Ватан има центар за ринопластика каде нудиме услуги и за нашите пациенти од земјава и за нашите пациенти од странство. За време на посетата на нашата болница, нашите странски пациенти ќе бидат придружувани од нашите колеги, кои го зборуваат нивниот мајчин јазик, а преку нив ќе се одвива поврзувањето на пациентите со нашите специјалисти. На овој начин нема да имаат потешкотии со јазичната бариера.

Во денешно време, ринопластиката е една од најпопуларните и најчесто преферирани интервенции. Во својата суштина, тоа е операција за промена или корекција на обликот на носот, но можно е целта на ринопластиката да е и отстранување на одредени вродени дефекти или визуелни несовршености, како и олеснување  на процесот на дишење преку нос. Барањата од пациентите за ринопластика се поврзани со усогласување на големината на носот со пропорциите на човечкото лице, промена на ширината или профилот на носот и корекции на врвот или ноздрите. Во зависност од потребите на конкретниот пациент, се одлучува каков тип на ринопластика да се избере и како точно да се продолжи со нејзиното изведување.

Во нашата болница, ринопластиката се изведува со ултразвучен метод. Ова е најсовремената метода, а една од нејзините главни предности е што со помош на современата технологија значително се олеснува постоперативниот период на пациентот. Појавата на постоперативни отоци и модринки околу очите се сведени на минимум, бидејќи, за разлика од класичната метода, при ултразвучната ринопластика не се крши коската, туку се користи апарат, кој со помош на микровибрации, генерира ефективни резови. На овој начин, специјалистот фино и со исклучителна прецизност ги моделира коскените и ‘рскавичните структури на носот. Така, лекарот може да изврши естетска или функционална корекција на носот со совршена контрола и минимално крварење.

Најчесто поставувани прашања

Естетската хирургија на носот, таканаречената ринопластика, ги обликува коските и ‘рскавиците на носот, давајќи му поубав, естетски облик и истовремено подобрувајќи ги неговите функции. Ринопластика може да се примени на сите лица постари од 18 години на кои не им се допаѓа изгледот на носот и/или имаат проблеми со дишењето. Постојат два начина на изведување на интервенцијата – отворен и затворен метод.

Точниот тип на интервенција ќе биде одреден по физичкиот преглед, според договор помеѓу специјалистот и пациентот.

Секој пациент има различна структура на носот, коски, ‘рскавица и кожа. Поради оваа причина, постојат многу фактори, кои го одредуваат времетраењето на операцијата. Операцијата трае околу 2-4 часа. Не е можно да се направи ист нос за секој пациент. Од оваа гледна точка, од суштинско значење е да се воспостави личен контакт помеѓу лекарот и пациентот.

За да се постигне посакуваниот резултат на пациентот, барањата на пациентот и предлозите на специјалистот мора во голема мера да се преклопуваат.

Ринопластиката е хируршка интервенција која има за цел да ја подобри формата, големината и целокупниот изглед на носот преку реконструкција (обликување) на носните ‘рскавици и коски, а истовремено има за цел да ја подобри функционалноста на носот. Корекции може да се направат во која било од трите проекции на носот – висина, должина и ширина. Некои од најчестите корекции се: отстранување  грпка на носот, исправување на носната преграда, скратување на носот, стеснување на носот, обликување на врвот на носот, стеснување на ноздрите. Оваа интервенција може да ја изведат лица над 18 години кои имаат потешкотии со дишењето и/или сакаат да го променат изгледот на носот од естетски причини.

Во зависност од начинот на кој се изведува, ринопластиката се дели на два главни типа. А тоа се токму отворената и затворената ринопластика. За процесот може да се користат ултразвучни скалпели, методот „Piezzo “или класични методи. Во овој случај, важен е типот на кожата, структурата на ‘рскавицата и структурата на коските на носот.

  • Затворена ринопластика – кај затворената ринопластика потребните корекции се прават преку засеци во внатрешноста на носот, на слузокожата. Ова е всушност главната предност на овој тип на ринопластика. ‘Рскавицата и коската се одвојуваат од кожата, а потоа, во зависност од случајот, делови од коската и’ рскавицата може да се отстранат, обликуваат, да се зголемат (преку графт) или да се реструктуираат за да се постигне посакуваната нова форма. Работењето низ внатрешните засеци му гарантира на пациентот дека нема да останат апсолутно никакви надворешни лузни на носот или лицето. Се користат абсорптивни конци. Затворениот метод е помалку трауматичен за носот од отворениот метод и закрепнувањето е побрзо.
  • Отворена ринопластика – од друга страна, отворената ринопластика вклучува правење мали засеци во долниот дел од коломелата (ова е најнискиот дел од носната преграда сместена помеѓу двете ноздри). Кожата и меките ткива се подигнуваат од основната назална структура, а потоа се прават потребните корекции на носот. Овој тип на ринопластика обично се избира кога има некакви проблеми или потешкотии, пред нормалното изведување на затворената ринопластика. Предностите на отворената ринопластика се поголема видливост за специјалистот, како и можноста за правење значително посложени промени и корекции во обликот на носот. Со овој метод останува мала лузна и периодот на оправување е подолг.
  • Септопластика е хируршка интервенција при која се коригираат дефектите и искривувањата на носната преграда која ги дели левата и десната ноздра, односно при оваа интервенција се врши корекција само во внатрешните рскавични ткива на носот. Девијацијата (искривувањето) на носната преграда е многу честа појава. Кога отстапувањето е сериозно, септумот може да блокира една од ноздрите и да го попречи протокот на воздух низ неа, предизвикувајќи отежнато дишење во едната или двете ноздри. Токму во овие случаи  соодветно е да се изврши интервенцијата на септопластика.
  • Ринопластиката е интервенција насочена кон реконструкција на коските и ‘рскавиците на носот, кои го формираат надворешниот дел на носот и му даваат естетски изглед на носот.
  • Септоринопластиката е интервенција каде што се прави реконструкција и на надворешната и на внатрешната ‘рскавица и коскената структура на носот, истовремено. Очекуваниот резултат од оваа интервенција е естетски убав и во исто време целосно функционален нос.

Општо земено, ревизиона ринопластика е операција за корекција на претходна операција на носот. Доколку поради некоја причина по првата операција дојде до дисторзија на носот, колапс на носот или пациентот сака дополнителни промени во естетскиот изглед на носот, тогаш се препорачува  ревизиона ринопластика. Помеѓу првата и втората (ревизиона) ринопластика, мора да има растојание од минимум една година.  Кога пациентот првпат се подложува на операција на ринопластика, исто така наречена Примарна ринопластика, за време на интервенцијата, кожата на носот прво се подига и за таа цел се прават минимални засеци на нервните завршетоци во оваа област и крвните садови кои го снабдуваат со крв. Како резултат на тоа, оток, крварење и вкочанетост може да се појават во раниот постоперативен период. Овие крвни садови и нервни завршетоци кои ја негуваат кожата се регенерираат (обновуваат) во текот на првата година од постоперативниот период. Овде треба да напоменам дека обновувањето на минималните засеци и корекции на кожата во ‘рскавичниот и коскениот дел од носот трае одредено време. Донесувањето избрзана одлука за ревизиона ринопластика носи многу ризици во однос на периодот на закрепнување на кожата. Затоа, најдобро би било да почекате најмалку една година по првата интервенција, за да направите ревизиона ринопластика. Пациентот треба да биде информиран  дека  за време на ревизионата ринопластика, може да се јави  потреба од трансплантација на ткиво на ‘рскавицата, земено од реброто на пациентот.

Во класичната ринопластика, хируршки чекан се користи како стандарден метод за реконструкција на назалните структури. За разлика од класичната интервенција, во ултразвучната ринопластика се користи технологија наречена  пиезо, за обликување на носните коски, која ја диференцира разликата помеѓу коските и меките ткива и работи со исклучителна прецизност само на тврдите површини (коски) и не ги оштетува меките ткива, крвните садови, нервните завршетоци и мукозната мембрана. Во постоперативниот период кај класичната ринопластика, поради техниката и апаратите кои се користат, се забележуваат несакани последици како присуство на болка, оток и модринки. Во ултразвучната ринопластика, поради прецизноста на методот пиезо, овие симптоми се сведени на минимум.

Во изминатите години, кога сè уште не беа користени технолошките иновации во операцијата на носот, кај нашите пациенти постоеше страв  и неизвесност.  Ние специјалистите од оваа област секојдневно правиме операции на носот, но повеќето од нашите пациенти немаат претходно искуство, не знаат што ги чека пред и по операцијата, а нашата цел е да им објасниме дека нема ништо страшно кај овој тип на операција. Им препорачувам на пациентите кои сакаат да направат интервенција, а се плашат од неа, да дојдат на преглед во нашата ординација и ќе разговараме лично, секоја фаза од операцијата и постоперативното закрепнување ќе им биде детално објаснета. Колку е поблиска и посилна врската помеѓу лекарот и пациентот, толку е полесна самата интервенција. Кои се најчестите грижи кај  нашите пациенти? Кои се најчесто поставуваните прашања?

  1. Дали ќе ме боли многу откако ќе ми се скршат коските со чекан?
  2. Ќе крварам ли многу, ќе помодрам ли, ќе имам ли оток?

Како што напоменавме претходно, поради непријатни искуства од техниките користени во минатото, изрази како:

  • „Операцијата е многу болна, толку многу ќе отечеш што ќе ти се затворат очите, кога ќе ти ги извадат тампоните од нос, боли повеќе од породилна болка“ и многу други предизвикуваа страв и сомнеж кај анксиозните пациенти.

Во денешно време, благодарение на технологијата што секојдневно се развива и иновативните методи кои се применуваат во областа на медицината, естетската хирургија на носот е прилично поедноставена. Благодарение на паралелно развиената техника „Piezzo“, односно ултразвучно сечење на коски и филтрирање, стравовите од ринопластиката во голема мера се надминати. Силните отоци, модринки и болки предизвикани од неконтролирано скршените коски со чекан, се сведени на минимум. Потенцијалните опасности како колабирање или ширење на коските се елиминирани, со пиезото се овозможува лесно обликување на носните коски со ултразвучно сечење или обработка на коските со совршена прецизност, исто како што секачот за стакло го сече стаклото. Како резултат на тоа, пациентот се чувствува поудобно постоперативно. Со примената на методот пиезо,  од страна на нашиот тим во ОРЛ клиниката при приватната болница „Чорлу Ватан“, бројот на задоволни пациенти е зголемен. Дури и голем дел од нашите пациенти ни велат: „Посакувам порано да бев опериран! Не беше ништо страшно!”

  • Крварењето, отоците и модринките се минимизирани, бидејќи коските се сечат и обликуваат на контролиран начин со екстремна прецизност без кршење.  Постоперативната болка е слична на онаа кај другите операции и по потреба се контролира со лекови.

Интервенцијата се изведува под општа ендотрахеална анестезија, а просечното времетраење варира од 2 до 4 часа. Постојат два пристапи кои се користат за оваа интервенција: отворен и затворен метод. Не секој пациент може да го користи истиот метод, сè е строго индивидуално и променливо во зависност од случајот. Пациентите кои сакаат да се подложат на ринопластика исто така треба да бидат информирани дека во идниот временски период може да има потреба да се изврши ревизиона ринопластика.

Постигнатите резултати  зависат од многу фактори, од кои некои се: дебелината и видот на кожата на носот на пациентот, присуство на дополнителни болести, начинот на обновување на кожата, начинот на кој отокот ќе се намали во постоперативниот период.

Не постои 100% гаранција за целосна симетрија по интервенцијата и  може да има мали отстапки од очекуваното. Во раниот постоперативен период може да има блага болка, модринки и отоци. Во стандардни услови, го отпуштаме нашиот пациент ден по интервенцијата, го покануваме да не посети една недела подоцна, кога е закажан контролен преглед.

Кон крајот на интервенцијата , во внатрешниот дел на носот на пациентот се ставаат специјални силиконски тампони, кои му овозможуваат на пациентот да дише низ нос веќе во раниот постоперативен период. Носот на пациентот се фиксира со специјална лонгета и фластери. На пациентот му се препишува потребниот третман и се препорачуваат ладни облоги во горниот дел на лицето во следните два дена, за да се минимизира појавата на отоци и модринки. Ладната компреса се менува,  на секој час, по 15 минути. Во првите два дена на пациентот му се советува да лежи на висока перница под агол од 45°. На пациентот му се препишува еднонеделен третман со антибиотици, лекови против болки, антиалергиски лекови и креми. Една недела по интервенцијата ги повикуваме нашите пациенти на контролен преглед, а потоа се отстрануваат силиконските тампони и специјалната лонгета поставени за време на операцијата. Препорака е уште 2-3 недели да се фиксира носот на пациентот со специјални ленти, за намалување на отокот во горниот дел на носот. Во понатамошниот  процес на закрепнување, отокот продолжува да се намалува и во исто време започнува заздравување на ткивото. Во првите три месеци по операцијата не се препорачува носење очила со диоптер или очила за сонце.

Градењето на доверливи односи меѓу пациентот и лекарот е од суштинско значење кога се донесува одлука за операција, а овој однос се гради првенствено за време на физичкиот преглед. Лекарот и пациентот треба детално да разговараат за желбите и очекуваните резултати од оваа интервенција. Ринопластиката е сериозна хируршка интервенција која бара добра ментална подготовка. Моја препорака до моите пациенти е да се подложат на операцијата што ја сакаат кога ќе одлучат и ќе почувствуваат дека се подготвени и да не брзаат со одлуката. Вистинскиот момент е кога ќе одлучат дека се подготвени да му веруваат на својот лекар.

На прв поглед во лицето на некоја личност, најсилен впечаток остава носот, затоа, од естетска и психолошка гледна точка, важно е да се поправат дефектите на неговата форма. Извршените операции не само што го разубавуваат носот на пациентите, туку истовремено ја подобруваат и нивната самодоверба. Ова е многу чувствителна тема која може да ја разберат луѓето со сличен проблем. На пример, луѓето кои мислат дека нивниот нос е крив, голем или искривен, не се чувствуваат добро во општеството,   стануваат антисоцијални и избегнуваат да престојуваат меѓу многу луѓе, не им се допаѓа сопствениот изглед и не дозволуваат пријателите да ги фотографираат. Тие се обидуваат да ги поправат, филтрираат или сокријат своите фотографии. Овој проблем е особено интензивен кај младите девојки и момчиња на возраст од 18-25 години. Тие се затвораат во себе и почнуваат да живеат изолиран, антисоцијален живот. Од нашите пациенти учиме дека по естетската операција на носот им се зголемува самодовербата и стануваат посилни фигури во нивната социјална средина. Исто така, психолошките студии спроведени на пациенти пред и по естетската операција на носот покажаа дека по операцијата психолошката состојба на пациентите се подобрува и нивната самодоверба расте.

Секогаш има исклучоци, но генерално, секој пациент на возраст над 18 години кој има потешкотии со дишењето и/или сака да го промени изгледот на носот од естетски причини, може да се подложи на оваа интервенција.

Иако носот е област која е важна од естетска гледна точка, во исто време тој е најважниот функционален орган преку кој внесуваме чист и влажен воздух. Резултатите од операцијата се насочени не само кон убав и естетски, туку и кон нос кој дише слободно. Во минатото, естетските операции на носот имаа за цел само естетска визија и се правеа само на надворешниот дел на носот. Резултатот од овие интервенции беше убав, но недоволно функционален нос. Хирурзите на своите пациенти им поставуваа прашање со само еден одговор: „Дали би сакале вашиот нос да биде убав или да можете слободно да дишете?“  Направете избор!  Односно, „Сакате интервенција насочена само кон внатрешниот дел или само кон надворешниот дел на носот?“

Ние, хирурзите од областа за уво, нос и грло (ОРЛ) сме специјалисти и по естетска и по функционална хирургија. Со нашите операции, ние ги нудиме и двете работи во само една операција, со што создаваме нос кој е истовремено убав и функционален.  Нашата главна цел е  да го овозможиме целосно дишењето преку носот, а во исто време да го задоволиме естетскиот аспект кај секој пациент индивидуално.

Можам категорично да нагласам дека не го препорачувам. Аплицираниот филер ги ослабува и оштетува рскавичните ткива и носните структури кои се наоѓаат под него. Често имаме пациенти кои на почетокот  се одлучиле за филер, но по одредено време поради незадоволителни резултати се решаваат на хируршка корекција. Во голем процент од овие случаи, при операцијата јасно се гледа дека структурите под поставениот филер се многу ослабени и оштетени.

Дефинитивно, корекција на носот треба да се прави во зависност од индивидуалните карактеристики на пациентот. Главната причина за тоа е што секој од нас има различен тип и дебелина на кожата на носот и различни пропорции на лицето. Структурата на вилицата на пациентот, положбата на јаболчниците, аголот на очите, аголот на челото и многу други параметри, се одлучувачки во планирањето на потребните корекции за соодветниот пациент.

Со задоволство можам да споделам дека покрај пациенти од цела држава имаме и многу пациенти кои доаѓаат од странство. Приватната болница Чорлу Ватан има сервисен центар за меѓународни пациенти, кој обезбедува детални информации и низа услуги за нашите пациенти од странство. Нашите колеги од соодветниот оддел го организираат целиот процес, од пристигнувањето на нашиот пациент до неговото отпуштање, како и понатамошниот период на опоравување. За време на посетата на нашата болница, нашите странски пациенти се придружувани од нашите колеги кои го зборуваат нивниот мајчин јазик, а преку нив ќе се одвива врската помеѓу лекарот и пациентот. На овој начин се спречува една од главните грижи на нашите пациенти, а тоа е јазичната бариера. За нас секој пациент е посебен и од одлучувачко значење е нашиот пациент да се чувствува како дома додека престојува во нашата болница.

Специјалисти од двете области можат да ја извршат соодветната интервенција. Овде најважен момент е градењето на односот помеѓу хирургот и пациентот. Можам да кажам дека специјалистите од двете хируршки гранки имаат долгогодишно искуство и практикуваат интервенции како за реконструкција на носните структури кои го сочинуваат надворешниот дел на носот, така и на внатрешните структури на носот, кои се основни единици на функционалноста на носот.

Како што споменав претходно, целта на оваа интервенција е да се реконструира естетски убав нос, пропорционален на цртите на лицето на пациентот, но заедно со тоа, од суштинско значење е да се постигне целосна функционалност на носот. Доколку имате дополнителни прашања или сакате мислење за Ринопластика, не двоумете се да не контактирате!

СПЕЦИЈАЛИСТИ ВО ОВАА ОБЛАСТ:

null

СПЕЦ. Д-Р ИБРАХИМ ЃУЛ

УВО ГРЛО НОС (ОТОЛАРИНГОЛОГ)
null

СПЕЦ. Д-Р МУСТАФА ОНДЕР УЗУН

УВО ГРЛО НОС (Отоларинголог)

ГАЛЕРИЈА ПРЕД И ПОТОА